Почетна | Почетна | Гастрономијата и седмата уметност

Гастрономијата и седмата уметност

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image Музички фестивали и избори на убавица

Пред да почнам да го пишувам овој текст, сакам на оние што ме читаат да им се извинам за нејасноста на текстот во минатиот број кој се однесуваше на забавната емисија Топ Шоу. Тоа е од причина што дел од текстот е избришан од за мене непознати причини.

Кој сака да дознае што навистина мислам за тоа шоу, слободно нека ме контактира на bujarmucha@megaron.com.mk и  ќе ми биде задоволство да му го испратам и цензурираниот дел.

Музичките фестивали и изборите за убавица на нашево локално ниво обично се наведуваат како отскочни даски за младите таленти да се пробиеле некаде повисоко на естрадата, ако не и во странство. За целулитните убавици со исти фризури и желби за мир во светот, пробивот е кон модните писти на саемот за текстил во Скопје, а за вокалните интерпретатори пак, пробивот’ е насочен кон пробирливата и софистицирана турбо фолк публика на северниот сосед и околината. А пробивот до таму богами не е лесен и најверојатно патот до конечниот пробив е послан со безброј помали или поголеми попатни пробивања што знаат да бидат и болни. Оваа пробивачка индустрија на овие простори веќе има зад себе два пишани медиуми кои ги покриваат сите ментални и физички пробивања на Западниот Балкан неделно, како и неколку електронски медиуми со сериозна гледаност до идолопоклонство.
Тешката индустрија бара и тешка исхрана. Тешката храна пак тешко се спрема. Пробивот како главен мотив на овој медиумски жанр си го наоѓа  местото и во начинот на приготвување на храна што овој забавен правец може да ја свари.
За малите ТВ настани одберете нешто што се пробива на мали стапчиња, на пример раженчиња или ражњичи на македонски јазик. А за големи настани како Национален избор на убавица или секогаш контраверзниот фестивал за избор на песна на Еврозијата, не се спуштајте на ништо помалку од пробиено на кол прасе или јагне, а потоа в’ртено, в’ртено, в’ртено......

Додади во: Add to Facebook Facebook | Add to Twitter Twitter Digg this story Digg | Post to Myspace Myspace | Add to Yahoo MyWeb Yahoo MyWeb |

Коментари (0 Пратено):

Прати го коментарот comment

Внесето го кодот од сликата: