Почетна | Списание | Ноќни расходки, излегување од навика

Ноќни расходки, излегување од навика

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

Во минатиот број, најмили мои, кога се занимавав со феноменот на алкохолните излегувачи, напишав дека во многу елементи истите се совпаѓаат со овие за кој сега ќе зборувам.Можеби навика и не е вистинскиот збор за да се долови менталната состојба во која се наоѓаат

овие единки секогаш кога ќе падне мрак во нашите градови и села. Како што се ближИ времето за излегување, автоматски доага до помрачување на умот и до презафатеност на црвот на сомнежот со дилемата: Што ли се случува вечерва на планетата земја и што ли ќе пропуштам ако не излезам? Дали ако не излезам ќе го пропуштам денот Д? Дали е Тој-Таа таму или онаму? Којзае што се случува таму или онаму?

Резултатот на тоа психотично размислување е секогаш ист: Ај ќе излезам само на кратко, едно крукче и си бегам дома ! А тоа крукче се повторува секојдневно, правејки бескрајни концентрични кругови на очај и непрепознавање на реалноста и извртување на тезите што е, а што не е излегување. Иако излегуваат безмалку секој ден во текот на годината, од само за нив познати причини, го негираат тоа и пред себе и пред другите. Длабоко во себе се веројатно свесни за психозата во која се заглавени, така што многу од излегувањата ги потиснуваат и ги маргинализираат како да не постојат.

Како ќе ги препознаете овие кутри суштества? Се разбира, пред се многу едноставно затоа што се сеприсутни и ви се појавуваат пред очи кога и да сте излезени. Но тоа е препознавање на прва топка и не е нивна суштинска препознатлива точка. Најинтересен кај нив е аутфитот кој е различен секој ден и варира во зависност од тоа дали мислат дека се излезени или не. Ако мислат дека не се излезени, обично се облечени во варијанта како за по дома или за фрлање на смет, но се разбира со сета дополнителна опрема за излегување по џебовите. Ако пак мислат дека се излезени, тогаш се дотеруваат и негуваат со вкус и со внимание како да не излегле со денови.

Каде е нивната сличност со алкохолните излегувачи? И овие како и претходните се позиционираат на шанк и се пријатели со сите бармени во градот. Се разбира дека консумираат алкохол бидејки замислете си некого што излегува секојдневно да пие само безалкохолни пијалоци? Најверојатно во триесетите веќе ќе патат од дијабетес! Секогаш имаат некоја небулозна причина зошто морале на кратко да излезат и речиси секогаш имаат потреба да си ветат себе си и на другите дека од утре веќе нема да излегуваат, нема да пијат и ќе престанат да пушат. Кога не се излезени, пред секоја следна чашка мора да искоментираат дека е последна на брзина и секогаш пронаоѓаат некој кривец што ги натерал да останат. Во сета своја убеденост дека не се излезени, успеваат да посетат неколку локалитети се додека на се сигурни дека ништо посебно не се случува. Дури по таквото сознание се спремни да отидат на починка до следниот ден и следното лудило.


Тоа се најрутинираните излегувачи и се многу  погодни за да бидат еден или една од вашите најдобри пријатели. Лечејќи си ја секојдневно својата психоза, знаат за се што се случува во градот, секогаш ви се на располагање кога ви се излегува. Во најмала рака ги имаат најсвежите информации за се што ве интересира од сложениот механизам на излегувањето во град.


Рамка:
Најинтересен кај нив е аутфитот кој е различен секој ден и варира во зависност од тоа дали мислат дека се излезени или не. Ако мислат дека не се излезени, обично се облечени во варијанта како за по дома или за фрлање на смет, но се разбира со сета дополнителна опрема за излегување по џебовите. Ако пак мислат дека се излезени, тогаш се дотеруваат и негуваат со вкус и со внимание како да не излегле со денови.

Додади во: Add to Facebook Facebook | Add to Twitter Twitter Digg this story Digg | Post to Myspace Myspace | Add to Yahoo MyWeb Yahoo MyWeb |

Коментари (1 Пратено):

горан на 12 January, 2010 02:29:44
avatar
pisete mi go predhodnata statija

Прати го коментарот comment

Внесето го кодот од сликата: