Почетна | Списание | ЗОШТО ОДРЕДЕНА ХРАНА И ПИЈАЛАЦИ НЕ СЛУЖАТ САМО ЗА НАДОПОЛНУВАЊЕ НА ДНЕВНИТЕ ЕНЕРГЕТСКИ ПОТРЕБИ

ЗОШТО ОДРЕДЕНА ХРАНА И ПИЈАЛАЦИ НЕ СЛУЖАТ САМО ЗА НАДОПОЛНУВАЊЕ НА ДНЕВНИТЕ ЕНЕРГЕТСКИ ПОТРЕБИ

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

ХРАНА ЗА УЖИВАЊЕ, РАЗМАЗУВАЊЕ И СЕБЕНАГРАДУВАЊЕ

Верувам дека на сите вас во потсвеста, како симбол на врвно уживање ви е вкоренета сликата на бавно јадење на чоколадо  Ð¿Ñ€Ð¾ÑÐ»ÐµÐ´ÐµÐ½Ð° со повремено затворање на очите, дишење кое го губи ритамот кога после голтнувањето отргнува  ÐµÐ´Ð½Ð° длабока воздишка и уште подлабоко вдишување по тоа со подготвеност за новиот залак. Истото би важело и за пиењето шампањ или јадењето остриги . Во различни поднебја има разни варијанти каоо на пример голем хамбургер со многу мајонез, алкохолни коктели, пршута, ребра на скара, разни видови колачи и сладоледи... 

Луѓето сакаат убави нешта. Но во случајов, не се работи само за задоволување на обични гастрономски или сензоријални потреби. Храната која служи за уживање и размазување носи повеќе нивоа на задоволување на човечките потреби. 

Луѓето храната ја конзумираат да задоволат глад, но и од чист хедонизам со желба да си создадат убаво чувство. 

Но тие исто така сакаат да уживаат во врвната храна и пијалаци за подигање на својата самодоверба со тоа што храната ја сфаќаат како заслужена награда за нешто што го постигнале и достигнале. Ова неминовно повлекува размислување дека тие сакаат храната да ја користат и како статусен симбол кој ќе ги издвои од другите. 

Некои преку изборот на ваква храна и пијалаци ја потенцираат својата индивидуалност односно, искажуваат некој свој став во поглед на поддршка на одредени култури, движења или трендови какви што во последно време се оние за бавна храна, за обновување на етничките кујни и слично. 

Како што може да се види, коцката чоколадо од почетокот на текстот не служела само да се подигне шеќерот во крвта. Гризот од чоколадото во себе носел комплексен сет од психолошки, социјални и комерцијални мотивации, се со една цел- оној што го конзумира, да доживее повисоко ниво на среќа откако ќе го изеде. 

 

УЖИВАЊЕТО ВО УБАВА ХРАНА Е ГРЕВ?

 

Врежано е уверувањето дека здравото и вкусното не секогаш одат рака под рака, речиси како да се работи за оксиморон. Многумина кои ги искусиле моментите на посегање по храната за уживање поради задоволување на своите подлабоки психолошки потреби, ќе ви потврдат дека задоволиле една, но предизвикале друга психолошка состојба која ги вознемирила. Вкоренето е мислењето дека храната која предизвикува најголемо уживање не е здрава. Чувството на вина по изеденото чоколадо е неизбежна.

 

Не сум сретнала човек кој после одушевената исповед како, кога и зошто јадел чоколадо дента, не ја завршил реченицата со покајание дека тоа воопшто не му требало. Нема да навлегувам во пошироко објаснување зошто е тоа така и да одам во раните христијански денови каде што лежи и делумното објаснување на ова погрешно размислување кое не опфаќа само уживање во храната. Затоа ќе го поставам прашањето на поинаков начин – а што е всушност вистинската дефиниција за тоа што е здрава и добра храна?

Дали е тоа количината на хранливи и здрави состојки или намаленото ниво на шеќер и масти во неа (особено што според мене овие две нешта не мора неминовно да се исклучуваат една со друга)? Или уште понатаму, дали е добра храната која не е во конфликт со одржувањето на планетава или е добра онаа која е политички коректна, но во себе содржи куп хемикалии и неприродни состојки? Се на се, мислам дека во последно време, еуфоријата околу здравата храна и превенцијата од болести преку храната почна да завзема правец каде што премногу се дава фокус на еден аспект а се забораваат придобивките од конзумирањето убава и вкусна храна од друг аспект. Луѓето почнаа повеќе да се оптеретуваат со тоа што не смеат да јадат, од тоа што треба да јадат. 

Дали калинките,  Ñ‚емното чоколадо,  ÑÐ»Ð°Ð´Ð¾Ð»ÐµÐ´Ð¾Ñ‚  Ð±ÐµÐ· шеќер и органскиот  ÐºÐ¾Ñ‚ел чипс ќе успеат на име на "здравото уживање" да го превземат приматот на традиционалната храна за уживање? Во моментов суперѕвездите на сите кои внимаваат на себе се следниве- пробиотици, житарици од цели зрна, антиоксиданси како што се ликопен и лутеин,  Ð¾Ð¼ÐµÐ³Ð°-3 масни киселини, растителни екстракти, и зелен чај. Боровинки, акаи, гоџи, калинки, ѓумбир, брокули, урда и одредени морски плодови се некои од продуктите кои ги содржат гореспоменатите состојки. Не знам дали некој на крајот на успешно звршениот ден би ги затворил очите и со воздишки би изгрицкал една брокула за да се награди себе си и да се почувствува среќен. 

 

ЧАРЕ?

 

Но луѓето се снаоѓаат. Повеќето од нив имаат давам- земам однос со храната, односно кредитно- дебитно флертување со двете категории. Отприлика тоа значи дека се уште многумина длабоко зацапуваат во традиционалните гастро хедонистички води, но потоа истиот ден трчаат по неколку километри повеќе за да тоа го избалансираат. Така чувството на вина се губи и тие се мирни. 

Мислам дека една од најважните работи што треба да се разбере е дека луѓето јадат храна, а не хранливи материи. Обедувањето е многу повеќе од задоволување на гладта. Денес, луѓето добиваат здравствени препораки од сто различни извори. Не е важно колку тие информации се точни или бесмислени, факт е дека колку повеќе луѓето тоа го слушаат, толку повеќе тие мислат дека тоа е вистина. Не верувам дека штетата од малку повеќе шеќер или масти во храната која ни причинува задоволство е толку голема што после тоа ќе треба да трчаме по доктори за да видиме колкава е. Дури и уште повеќе, сметам дека задоволството и исполнетоста од убавиот оброк е поздрав за нас и придонесува за општата благосостојба повеќе отколку грстот ликопени и лутеини во денешниот ручек. 

Секоја среќа што луѓето од ова поднебје се уште прават мммм... кога ќе вкусат храна за уживање и не се толку опседнати со здравите навики кои ги форсира остатокот од светот. Се разбира, умереноста е е клучниот збор во оваа приказна. Во секој случај, не препорачувам прејадување со јадења со запршки и свинска маст колку и да уживате во тоа. Сепак не препорачувам ни грицкање зрна и моркови по цел ден. Тоа ќе ве направи многу несреќни. 

Додади во: Add to Facebook Facebook | Add to Twitter Twitter Digg this story Digg | Post to Myspace Myspace | Add to Yahoo MyWeb Yahoo MyWeb |

Коментари (0 Пратено):

Прати го коментарот comment

Внесето го кодот од сликата: