Man’s Style

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

Златна Зора и Пурпурен Залез- Буцо Муча

Не можам да се сетам, но мислам дека некогаш во некој текст ви ја имам раскажано тажната и возбудлива приказна на македонските јагули од Охридското Езеро. Современата наука никако не успева до крај да ја расчисти причината за милениумски старата потреба на полово способните единки од оваа риба. Имено, секоја година во исто време, јагулата го започнува своето смртоносно патување од Охридското Езеро преку реката Дрим до Јадранското Море. Оттаму фаќаат полн леви накај Средоземното Море па низ тесниот Гибралтарски Процеп кон Атлантскиот Океан се до Саргашкото Море во Карипскиот Архипелаг. Тука, истоштени и ослабени од предолгото патување, ја играат својата единствена еротска игра на размножување и умираат во тропските карипски води. Нивните потомци по извесно време се вракаат во Македонија по истиот пат за повторно да се вратат на Карибите кога ќе бидат спремни за Горешти Танци. Во последните 50 години, вредната човечка рака и брилијантниот интелект на инженерите од Албанија и од Македонија успеаја ова еротско патување на јагулите да им го направат уште потешко. Со изградбата на брани, акумулации и турбини по течението на Дрим, патувањето на овие сексуални неранимајковци стана практично невозможно. Меѓутоа, дури и по цена на енормни загуби и тажни индивидуални јагулски судбини, дел од нив сепак се пробива до Саргашкото море со истиот порив и ентузијазам како пред милион години. Што се Јагула нема да направи за добар секс? Нема сомнеж дека овој чин може да профункционира и во водите на Охридското Езеро, но инаетот на Јагулите е надалеку познат во светот.

Ова лето ми потврди дека не само Јагулите, туку и други жители на Македонија имаат слични необјасниви пориви на бесцелно патување по цена на препреки, понижување, потсмев и материјални загуби. Секоја година, помеѓу 15-ти Јуни и 15-ти Август, десетици илјади македонски хомо сапиенси се упатуваат кон северниот морски брег на јужниот сосед во потрага по место на песокот каде што ќе се препотат, изгорат од сонцето и од цените на услугите и каде што не смеат да кажат што се и од каде се. Но тоа е на целта. Патот до таму е потежок дури и од оној на јагулите во периодот по електрификацијата на Македонија и Албанија.

Првата пречка и мака е на граничниот премин каде што се создава огромна гужва од возила од северниот сосед и од турски работници кој по истиот принцип на јагулите секое лето се враќаат дома. Тука македонскиот хомо сапиенс се соочува со првиот порив на самопонижување. Со цел да заштеди гориво, ги исфрла жената и децата од автомобилот за да го буткаат во колоната додека тој по рамбовка е задолжен за навигацијата.

Вториот стадиум е понижувањето што го претрпуваат од ултра десничарските идиоти на северниот сосед кои на исцрпените жени и деца во шпалир им дофрлаат погрдни пароли за припадноста и идентитетот. Ни Данте вака го нема опишано преоѓањето од еден во друг круг на пеколот.

Третиот стадиум од патувањето е самиот секс што го доживуваат за време на престојот. Ненормално високи цени, очајно сместување и услуга, оштетувања на возилата и испишување по нив, успивање и плачкање по хотели и немање можност да се изрази припадноста. Иако ова е секс за умирање, македонскиот хомо сапиенс ова гордо го издржува со решеност идната година да го промени кракот каде што ќе го е..т.

Кутрите Јагули веројатно немаат избор, нема кој да им каже, немаат интернет, немаат туристички агенции. Па сепак на крај одат на Карибите, Паметен избор, иако сексот е фатален по нив. Барем имаат секс на една од најпосакуваните дестинации во светот.

Не можам да си објаснам кој е поривот на луѓето, секоја година во исто време да посакаат мазохистички секс во Неа Идиотеа и останати места без идентитет каде што ти е забрането да го искажеш и својот и каде што за лош секс плаќаш големи пари. Единствено логично е дека нашиве сакаат да им се зборуваат безобразни и понижувачки работи додека ги е..т.

 

 

 

Додади во: Add to Facebook Facebook | Add to Twitter Twitter Digg this story Digg | Post to Myspace Myspace | Add to Yahoo MyWeb Yahoo MyWeb |

Коментари (0 Пратено):

Прати го коментарот comment

Внесето го кодот од сликата: