Почетна | Списание | Breakfast at the Bridge

Breakfast at the Bridge

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

Не знам дали во своето неколку годишно постоење, ова списание се занимавало со феноменот на гладот во нашата средина.

Според Марица по Психологија, гладот е хомеостатички мотив присутен кај животните и кај луѓето. Се јавува при недостаток на храна во желудникот, а се манифестира со раздразливост и евидентна физичка слабост. Се сузбива со консумирање на храна, при што како пропратна појава се јавува чуство на задоволство.

Одреден број на животни, особено домашните миленичиња многу често овој мотив го сузбиваат со прекумерно внесување на храна. Животните пак, што живеат во дивината храната ја трошат рационално знаејки дека секоја следна потрага по неа е нова опасност и нов предизвик. И кај едните и кај другите видови на животни исхраната останала само базично задоволување на мотивот на глад, без никакви социјални нус појави и импликации.
Кај луѓето, мотивот на глад и неговото сузбивање трансформирало со развојот на човечката интелеганција и со еволутивните процеси на цивилизацијата.

Човекот најпрвин измислил начини како да ги складира и сочува намирниците, а потоа со тек на времето совладал вештини на подготвување и на термичка обработка на храната. Експериментирајќи со неа креирал нови вкусови и ароми кои ги споделувал во својата социјална средина. Храната од ден на ден станувала средство за меѓусебна размена на искуства. Станувало се поинтересно да се јаде во друштво, да се слави со храна и да се слави вкусната храна. Сузбивањето на елементарната глад се повеќе станува крајно интимен чин, сличен на одењето во клозет (кое патем е исто така хомеостатички мотив). Во сите останати пригоди лугето подготвуваат и консумираат храна за да се дружат, да импресионираат, да понтенцираат и да заведат.

Преку храната се организираат свадби, коктели, team building-зи, состаноци, семинари, чочеци, дочеци…. Претседателите на САД преку превезот на молитвениот доручек ги собираат највредните човечки примероци од планетава на заедничко дружење. Честа и се по популарна е праксата на градските татковци на светските метрополи да организираат доручеци со сограѓаните еднаш годишно на стратешки места во нивните градови со цел низ дружење да се запознат со проблемите и предизвиците на своите сограѓани од различни социјални и интелектуални слоеви.

Следејќи ги позитивните трендови на практикување на власта во светот, кабинетот на скопскиот градоначалник на чело со самиот тој, веќе трета година го организираат  торжесетвениот и величенствен Доручек на Мостот. И додека дебитантскиот обид пред три години личеше на разулавено стампедо на пензионери во потрага по храна, ова издание на Breakfast at the Bridge беше пример за организираност и посветеност кон грижата за граѓаните. Најпрвин се организираше конкурс за избор на подобни јадачи на доручек со комплетно нејасни критериуми за избор. Потоа во предвечерието на големиот настан, преку медиумите на народот му се обрати самиот Директор на Средното Угостителско Училиште кој со смирувачки тон го опиша квантитативно и квалитативно приготвениот оброк за Избраните, не заборавајки притоа да ја истакне калоричната вредност на секој оброк поединечно.

Коментарите на Избраните на самиот настан беа различни, но најчесто се осврнуваа на фактот дека пилешката салама лани била далеку поквалитетна. Имаше и такви кои што тврдеа дека по трет пат доаѓаат под принуда. Многу парови на Метузалеми беа раздвоени, па присутниот од парот со гнев се прашуваше како може било што по педесет години да ги раздвои и бараше калоричен Breakfast Pack и за избраничката на неговиот стомак.
Никој жив не го спомна Градоначалникот и неговиот кабинет, никој не спомна дали нешто го мачи или му се допаѓа во градот.

Никој кутар не  ни знае дека целта на овие доручеци е дружењето на Градоначалникот со претставници од различни социјални и интелектуални слоеви во градот. Не сум веќе сигурен ни дека Градоначалникот тоа го знае.
Скопјанец сум и обично во последно време ми е постојано срам што сум тоа. Меѓутоа во деновите околу Breakfast at the Bridge, ме фаќа таков резил што посакувам да сум дел од Избраните на мостот, па во стампедото предизвикано од пилешката салама некако да се наденам на врбите на Искра и да се спасам.

Додади во: Add to Facebook Facebook | Add to Twitter Twitter Digg this story Digg | Post to Myspace Myspace | Add to Yahoo MyWeb Yahoo MyWeb |

Коментари (0 Пратено):

Прати го коментарот comment

Внесето го кодот од сликата: