Почетна | Списание | Шефе вас најсреќна да ви е!!!!

Шефе вас најсреќна да ви е!!!!

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

Многу сакам предновогодишни забави, собиранки, афтер уорк парти и останати собирања овој период.

Последната недела пред Нова година е најдобро, тогаш се корпоративните забави и секој што знае некој може да упадне на гага журка и да се промафта во ВИП филм на спешл гест стар. Мене сепак ми се хит собирањата од фирма. Да речеме ручек. Тие од сметководство нафенирани навнатре, секогаш спастрени. Секретарката најмодерна и најгласна дека најглавна.

Се спојуваат маси како за на состанок, се редат луѓе по масите и на чело седи шефот. До шефот седи неговиот најверен „шефе вие сте најдобар“ колега. Од другата страна седи „шеф уана би“ во сенка. Најутепаниците ги чекаат овие моменти за да покажат дека они само на работа се сериозни инаку на собиранки се јаки атмосферџии и шегознајачи.

Овие ќе ви кажат виц од 2005-та година и ако не се смеете, ќе ве прашаат дали сте го сфатиле, пошо немогуќе таква пресмешноќа да не ве преврти. Ако успеете да се извадите од овие журкаџии пазете да не западнете во најкулоќа лобито, другарките што се дружат на работа. Овој тип на другарки го најдоа својот живот на работа, другарките најверни и единствени им се од работа и една комшика имаат со која пијат кафе. Овој тип на собирања и патронат прослави им се тамам пошо тоа е моментот кога они ќе го разбудат „Ибицата“ во себе. Меѓу нив секогаш има една најоткачена која ако живее во Маџари ја нарачува „Маџарица млада“ и паѓа во транс од креативноќа и откач. Пеат, се вртат, играат, живели дека мора да се чукнеме сите и да се стане, па најхрабриот и здравица ќе каже а шегаџијата ќе го дополни. Шефот тоа ќе го одобри со едно хехе и таа природна атмосфера на забава ќе стане поопуштена и пренајјака.

Колешките ќе нарачуваат песни и ќе се наоѓаат во нив, а мажите строго ќе се вртат околу шефот и ќе фаќаат муабет со него, пошто некако знаат дека шефот баш во овие кежуал моменти може да види иден шеф или менаџер од тие околу него, пошто со ракија и шопска сите многу подевелоперски размислуваат.

Некои од колегите кои се одамна тука почнуваат со муабето од типот- ти текнува ли кога почнувавме, шега чуена сто пати и никад смешна. Барем една колешка на масата мора да има која ќе глуми тешка аристократија и ќе ќути пошо она кај све не била у животов па сеа доживљај и е тука да седи со колегиве, глупости. Она и така не може да ги гледа секој ден.

Јадењето е обично скара а се пие виски, пошо сите секогаш пијат виски исто како и шефот. Ако шефот пие пиво сите секогаш пијат пиво.Нарачувањето е секогаш со многу пропратни пресмешни шеги. На келнерот му се обраќаат како на личен слуга „дечко, дај му на шефот од таа нашата знаеш...“, и секогаш се работи за ракија без бандерола што ја прави шурата на газдата во Неготино.

Сам ја пече, таква не си пробал шефе.
После таа забава е правата забава, се продолжува било каде, пошо пола од нив едвај успеале да излезат од дома и не се луди да се соберат одма. Почнуваат да се дружат меѓу нив и тука се вадат флертања, пецкања, навреди и све што си оди после многу забавна вечер. Оние што глумат дека имаат живот куцкаат пораки во сред ноќ некому што исто така нема попаметна работа сред ноќ.

Како и да е, овие журки се супер ако не пиеш многу и не се брукаш ко што знаеш. Пошо утре треба пак да идеш на работа и многу е глупо да дознаеш сабајлето дека си му викал на шефот „Шефе, без љутење ама врска немате“ или на секретарката „раскрени тањириве и оди свари кафе“.  Односот према персоналот многу ќе каже за вас во такви официјални средби така да не се опуштајте во „слушај брат“ нарачки. Журките со цела фирма се како добра и лоша вест. Добрата е што се еднаш годишно, лошата е што се секоја година. ФМП.

Додади во: Add to Facebook Facebook | Add to Twitter Twitter Digg this story Digg | Post to Myspace Myspace | Add to Yahoo MyWeb Yahoo MyWeb |

Коментари (0 Пратено):

Прати го коментарот comment

Внесето го кодот од сликата: