Почетна | Списание | Храна според астролошки знак

Храна според астролошки знак

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

За мене темата хороскоп е една од подосадните. Не дека јас ја занемарувам астролошката емпирика на оваа значајна област,

туку едноставно ми пречи малициозноста на која астрологијата секојдневно се сведува. Имате муабет во кафуле од типот  “Он е Девица, а ти Лав А? – Лелеее бе маци, жал ми е за него, жив ќе го изедеш! ” или иде понатаму  “ Шо имам една пријателка маж и Близнак и она има дознаено дека за цело време додека се во брак он да ти имал друга” па после ” Скорпии се многу добри во кревет и имаат продорен поглед “  и врвот на Ñé “ÐÐ°ÑƒÐ¼Ð¸ дека ќе биде и бидна, Бик!”

Хороскопот знае  да биде и интересен. На пример кога ќе го начекате на ТВ помеѓу две дневно политички емисии и кога ќе ви раскаже дека баш таа недела ќе добиете на лото и дека љубовта на вашиот живот е до вас само не ја забележувате и кога ќе се подзамислите ќе сфатите дека до вас освен хаусмајсторот што никако да го поправи казанчето, нема апсолутно никој друг. Или на пример читате хороскоп на фризер додека фризерката ви ја раскажува најновата диета потврдена од нутриционисти-од сабајле турско кафе на гладно без шеќер, виршла и полусварено јајце.

Хороскопот кога не се двои од својата суштина знае да биде и тоа како интересен. Појдете од тоа дека астролошката карта ја утврдува медицинската конституција на едно лице. Според тоа експертите кои се занимаваат со медицинска астрологија можат да ги утврдат и медицинските состојби за одредени лице, а според тоа да диктираат и соодветен начин на живот вклучително и исхрана.

Добро познато е дека астролошките знаци се поделени на оган, земја, воздух и вода. Огнени знаци се овен, лав и стрелец и за нив се вели дека поседуваат најмногу виталност и енергија. Воздушни знаци се близнаци, вага и водолија и се втори на ред по енергичност. Водни знаци се рак, скорпија и риби кои се емоционално најчувствителни и  склони кон промени. Земјени знаци се бик, девица и јарец кои се одликуваат со најголема цврстина и издржливост. Еве што вели астрологијата  за начинот на исхрана за секоја група на знаци:

Огнени знаци: овен, лав и стрелец
Oгнот владее со телесните функции на согорување и апсорпција на храната. Тој го прочистува системот преку согорување на отровите, вирусите, бактериите и габите. Поради тоа се проценува дека огнените знаци лесно се борат со заболувања.
При висок оган
Нивната астролошка конституција природно е склона кон високи температури. Но затоа кога оваа огнена енергија не е балансирана се вели дека овие астролошки знаци “’ќе прегорат”. Вишокот огнена енергија може да премине во висок крвен притисок, проблеми со кардиоваскуларниот систем, чиреви или инфламации. Затоа, овој вишок на огнена енергија се балансира со земање на храна која е ладна и потешка или пак храна која споро согорува.
Се препорачува: житарици и зеленчук
Да се избегнува: зачинета храна и црвено месо
Лекување со: камилица, лимон, валеријана
При низок оган
Кога огнот е стивнат можно е да се јават потешкотии при борба со заболувања како и неадекватно варење на храната. Јадете лута храна, лесна, сува и ароматична. Избегнувајте ладна храна.
Се препорачува: лимон, јогурт, лут зеленчук како на пример лук, сенф, рукола
Да се избегнува: млечни производи и млеко
Лекување со: дигестивни стимулатори како на пример цимет, лук, ѓумбир, сенф

Воздушни знаци: близнаци, вага, водолија
Воздухот владее со нервниот и циркулаторниот систем како и со движењето, перисталтиката и дишењето. Воздушните знаци лесно можат да бидат стимулирани, тие имаат брзи но и сензитивни умови кои лесно можат да бидат исфрлени од контрола.

Премногу воздух
Кај овие знаци се јавува хиперактивност, неуморност, чувствителни мисли, анксиозност и истоштеност како и сува коса и кожа, несоница и губење на меморијата.

Се препорачува: зеленчук варен на пареа, бадеми, лешници, ореви
Да се избегнува: свежа храна, житарици, тестенини, бел шеќер
Лекување со: ензими кои помагаат за соодветна апсорпција на хранливи материи

Недоволно воздух
Кога овој елемент е низок се јавуваат потешкотии со протокот на енергија во телото. На слабиот нервен систем му се потребни минерали како калциумот и магнезиумот како и стимулатори на циркулацијата. Потребно е да се јаде изобилие од свежа храна и џусови од зеленчук. Житариците се неопходни за да го зајакнат нервниот систем.
Се препорачува: гинко билоба, лук, ѓумбир, јогурт, ќефир
Лекување со: корен од данделион

Водени знаци: рак, скорпија, риби
Елементот вода владее со системот за репродукција и телесните течности: крв и лимфа. Водата го лади организмот. Водните знаци се исклучително чувствителни на околината, особено кога станува збор за габи, бактерии и вируси. Здравствените проблеми кај водните знаци се најчесто поврзани со емоциите. Водните знаци се склони кон апсорбирање на негативна енергија од околината. Тие имаат склоност да ги преувеличуваат проблемите, нивните здравствени проблеми најчесто доаѓаат во циклуси.
Вишок на вода
Лицата од оваа астролошка група се карактеризираат со споро варење на храната и спор метаболизам. Поради вишок на течности често се јавуваат цисти, тумори, отоци и кандида. Вишокот на вода се манифестира и како проблем со тежината. Поради тоа често им се препорачува намалено консумирање на млечни производи, намалување на внес на течности, промени на начинот на исхраната и физичка активност. Вишокот на вода се балансира со исхрана која е лута, сува и лесна.
Се препорачува: зеленчук варен на пареа, грав, овошје
Да се избегнува: масна храна, млечни производи, бели печива, леб и сол
Лекување со: жалфија, диуретици како на пример магдонос, лук и маслинови лисја

Недоволно вода
Во случај на недостаток на вода се јавуваат проблеми со ослободување на отрови од телото. Се јавува дехидратација и проблеми со спиењето. Се јавуваат симптоми како на пример сува кожа и коса како и тешкотии при апсорпција на хранливи материи. Се препорачува зголемување на внес на течности и топли бањи. Лубеницата и краставицата помагаат за балансирање на оваа состојба. Треба да се избегнува пост како и изложување на топлина и сонце и зголемено внесување на сол.
Се препорачува: јачмен, ориз, овес, млечни производи и природен шеќер
Да се избегнува: грав и природни диуретици како морков, целер, зелка и аспарагус
Лекување со: овошни сокови


Земјени знаци: бик, девица, јарец
Елементот земја владее со скелетот и е клучен за растот, репродукцијата и обнова на ткивото. Земјените знаци обично имаат проблеми со тежината. Прејадувањето и тешката храна обично придонесуваат кон поголема “приземјеност” поради намалената физичка активност и спориот начин на живот. За овие знаци се вели дека имаат убави заби. Тие имаат зајакнато чувство за поврзаност со земјата, истакната сила и издржливост. Тие се најодбивни кон сезонските настинки од било кој друг знак.
Премногу земја
Премногу земја води кон поголема тежина на телото, мрзеливост и битка да се надмине инертноста. Варењето на храната и метаболизмот се спори, се јавува склероза, зголемено акумулирање на калциум како и длакавост.
Се препорачува: овошни салати, зеленчук на пареа, зачини, сокови, супи и чаеви
Да се избегнува: тешка храна
Лекување со: лути зачини како на пример бибер и ѓумбир

Недостаток на земја
Потребно е “приземјување”. Овие лица ги избегнуваат своите тела и немаат јаки инстинкти за тоа што им е потребно. Потребни им се рутини кои би ги стабилизирале и би им дале чувство на сигурност. Потребно им е повеќе спиење отколку на другите знаци.
Се препорачува: месо, компири, интегрални житарици, млечни производи, зеленчук, сирење, путер, шеќер и масло
Да се избегнува: овошје и жива храна
Лекување со: жен шен

Додади во: Add to Facebook Facebook | Add to Twitter Twitter Digg this story Digg | Post to Myspace Myspace | Add to Yahoo MyWeb Yahoo MyWeb |

Коментари (0 Пратено):

Прати го коментарот comment

Внесето го кодот од сликата: