Почетна | Списание | Св. Валенфун

Св. Валенфун

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

Јас ја сакам зимата во Скопје. Во зима има многу неработни денови, многу празници и најголемиот празник мојот роденден. Се уште се радувам на поклони и ич не ме мава депре што стареам. Животот е убав.

 

Веднаш после мојот роденден е денот на вљубените или попознат како Валентајн. Една недела пред календарски да настапи овој празник социјалните мрежи не преплавуваат со срциња, мечиња, вино, најоргинални запросувања и слични лигавешлуци. Порелигиозните и прави православци ги едуцираат претходниве дека е многу глупо да се слават католички празници пошо ние си имаме наши православни. Па побогу тој ден е св.Трифун кој пак меѓу тие што го слават е попознат како денот кога мора да пазиш да не завршиш на токсикологија. Бонус инфо е дека и ние имаме Вера, Љубов и Надеж ама не, вие сакате да славите католички празници, така славите ли и и од други вери и слични „разбуди се“ лекции кои им се само нив битни.

 

Оние што се во пар секако се спремаат како и за нова година.
 ÐÐ° момците останува да организираат каде ќе ги однесат девојките да се осеќаат посебно и да ја докажат нивната љубов. За Валентајн исто како и за 8-ми Март секогаш се поклопува терминот со поскапување на цвеќето, баш чудно. Тогаш најчесто македонската жена добива цвеќе иако се сите сложни дека овие празници не се единствени за цвеќе и внимание. Се сложуваат и тие што купуваат еднаш годишно. Ете, традиционално и анкетата на плоштад покажува дека девојката или жената не треба да се истретира ко кралица само за 8-ми Март или за 14-ти Фебруар, туку секој ден.

 

Вечерта се оди некаде на вечера или пијачка каде пола од вечерта се преседува на ФБ за да се чекираат дека они у ствари слават, да се скрола да видиме другите како прошле и кај се и да видиме која се ставила енгејџд. Вечерта се постира слика од букетот и се тагира дечкото со знак за помало и тројче. Деновите пред Валентајн и денот на Валентајн форевралоун луѓето имаат Антивалентајн расположение, го хејтаат празникот на љубовта, ни укажуваат дека љубовта се покажува низ цела година а не со Милка срце и три ружи. Они го презираат Валентајн и баш е тоа глупо. Машките овој ден немаат проблем, поголемиот број вклучувајќи ги и оние што не смеат да признаат би да слават св.Трифун и тогаш е одлично време да се повикаат на своето православие и почит кон поткаструвањето на шише Темјаника спешл селекшн.
Ден после овој празник се раскажува изразувањето на љубовта на работа. Ако добила букет се покажуваат слики на телефон или на ФБ, ако добила прстен се шета со рачето ко да и е шинато за да го видиме прстенчето.

 

Ако си од верниците се шеташ барајќи аспирин. Секој со своето.
Јас лично сметам дека Валентајн и Трифун и 8ми Март се одлични празници да излеземе од секојдневната рутина да се нафенираме нанадвор, пошо навнатре чеша по вратот и да излеземе да си поминеме убаво. Никој не треба да ме третира како дама, јас сама ќе си се осеќам некогаш дама, некогаш девојка од соседството, некогаш другарка излезена по тренерки да ја ислушам другарка ми, некогаш заљубена некогаш сеирџика, или некогаш само како дел од Дебар Маало да прошетам и да се напијам чаша убаво вино. И убаво е ако некој сака да ти покаже дека те сака, и убаво е ти знаеш дека те сака ама не знае како да ти покаже. За љубов и вино не треба прилика, расположение или повод. 

 

Ако ви е прв дејт бидете внимателни да не ве понесе целата атмосфера па да не ги видите знаците дека тој или таа не е за вас. Јас секогаш одам со проверената тактика однос со келнер. Доколку не нарачува љубезно, не ги удостојува со поглед или не остава бакшиш ајде чао. И видете да ви кажам со тоа мартини со цевка не сте баш романтични или хипстерското пиво од флаша. Научете се да држите чаша со вино и одберете едно што ви свиѓа за вакви моменти. Ама баш не мора да се чукаме на секоја голтка. Уживајте во виното и во љубовта и запамтете, сите сме некому спешл селекшн само треба да го видиме тоа. ФМП.

Додади во: Add to Facebook Facebook | Add to Twitter Twitter Digg this story Digg | Post to Myspace Myspace | Add to Yahoo MyWeb Yahoo MyWeb |

Коментари (0 Пратено):

Прати го коментарот comment

Внесето го кодот од сликата: