Selfie

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

Портретите кои сами си ги правиме со помош на нашите Смартфони станаа глобален феномен. Дали тие се безопасен хир или знак дека расте нарцизмот на западното општество кон кое постојано копнееме?

Се започнува со позата, подигнете ја веѓата, испрчете ги усните и со еден клик на вашите смартфони, “Селфито” или “самосликот” е готов. Потоа време е да се постави на вашиот Твитер, Фејсбук и Инстаграм профил. Следно, Вие сте тагирани, шернати и лајкнати повеќе пати..... Но што чувствувате притоа? Одобрување, спокој, задоволство... што и да е, сигурно е заразно, затоа што секојдневно се постираат милиони ,,самосликови,, на социјалните мрежи.

Само на твитер има 90 милиони ,,селфис,,. Selfie сега веќе е и вистински збор, Оксфордскиот речник го официјализираше. Но светски познатите личности на некој начин го популарзираа. Овој тренд стигна дури и во вселената. Јапонскиот астронаут Аки Хошиде, можеби го направи најдобриот самослик на сите времиња.

Дали младите станаа опседнати сами со себе, или пак само сакаат да ги фотографираат своите моменти од животот? Доколку е така, тогаш зошто чувствуваме порив да ги споделиме овие фотки со илјадниците пријатели и следбеници на социјалните мрежи. Некои велат дека “самосликот” конечно стана симбол на новото нарцисоидно време. Луѓето како да велат, “Погледнете ме”, “Погледнете  што носам”, “што имам”....Едно е сигурно,   луѓето никогаш повеќе не биле повеќе опседнати со својот изглед, отколку со она што го работат.

Иако многу луѓе кои постираат слики од себе на интеренет веруваат дека тие ќе ги видат само нивните пријатели, вистината е дека овие фотографии можат да ги видат и користат многу други медиуми. Но најзагрижувачите самосликови се токму од оние кои се сликаат во својата долна облека или пак полуголи, а притоа ги постираат овие фотографии да покажат колку се згодни , убави и самоуверени.

Сепак разумното користење на “самосликот” може да испадне исплатлив бизнис. Илјадниците блогери ги искористија самосликовите да прикажат што носат секојдневно, зацврстувајќи си ја својата позиција како модерни стил икони.  Можете да ја користите дигиталната технологија да манипулирате со вашата сопствена слика колку што сакате, но вистината е од моментот кога вашиот самослик е онлајн, она што потоа следува никогаш не можете да го контролирате.

Додади во: Add to Facebook Facebook | Add to Twitter Twitter Digg this story Digg | Post to Myspace Myspace | Add to Yahoo MyWeb Yahoo MyWeb |

Коментари (0 Пратено):

Прати го коментарот comment

Внесето го кодот од сликата: