Почетна | Списание | ПИВОТО “ИМПРЕСИОНИРА”

ПИВОТО “ИМПРЕСИОНИРА”

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

Бојата, интензитетот на светлоста и формата секогаш се наведуваат како најважните елементи за илустрација на пивото.. Многу слично како и во уметноста. Без оглед на тоа која техника се користи,

 ÐºÐ¾Ð¼Ð¿Ð¾Ð·Ð¸Ñ†Ð¸Ñ˜Ð°Ñ‚а му налага на уметникот да обрне внимание на овие три темелни работи. Описот на кристално чиста примамлива чаша пиво, со обоена или транспарентна течност - ги предизвикува границите на вештината на уметникот, а со оглед на тоа дека многу уметнички школи одлучиле да одговорат на тој предизвик, ниту една група не била така успешна како импресионистите.. Нивниот стил бил предодреден да го претстави пивото како уметност, пишува Грег Смит во списанието wall аbout beer”, а нас не испровоцира да провериме што всушност се случувало и на ова поле.

Ако уметноста е одраз на животот, немало подобро време за пиво од тоа на импресионистите во средината на 19тиот век. Тоа било време на појава на индустрија и технологија, како моќна мешавина која создавала манири на социјални промени. Уметниците, бележејќи ги овие промени, го користеле пивото како средство. Прикажувајќи го пивото така добро како што го правеле тоа со другите предмети кои би ги одбрале, уметниците ја менувале воедно и својата техника, што водело кон потполно нов стил. Импресионистите почнале да делуваат околу 1860 година, како слободно формирана група на уметници. Воглавно работеле во околината на Париз, а вештината ја стекнувале во Лувр, копирајќи ги од утро до мрак делата на големите мајстори. Како студенти школувани се по традиционална метода, која бара најнапред да се совлада вештината на цртањето.

Дури потоа нивните ментори им дозволвуале да сликаат, со користење класична техника на слоеви, а тоновите оделе од темни до светли. Бојата била наменета за забава. Рапинс, Базил, Реноар, Сисли и Дега во своите студија не најдоа простор за пивото. Но затоа, лагер пивото и импресионистите добиле полн залет во 1870 г. Ако ги отфрлиме политичко економските услови кои владееле во тоа време во Европа, време на војни и сеќавање на нив, кафетериите биле преполни со легија на среќни љубители на златната капка, а со нив и импресионистите, секогаш подготвени да го овековечат тоа на своите платна. Пивото како такво, совршено се вклопувало во фантазиите на импресионистите.

Клод Моне го понудил најдобриот совет за природното светло и неговото сликање: “Кога одите надвор да сликате, настојувајте да го заборавите предметот кој го имате пред вас... Мислете дека тука има некој квадрат во плаво, подолу портокалов правоаголник, па таму некаде некоја жолта флека, и сликајте само така како што ви изгледа на вас, точно таа боја и форма”.  
Едуард Мане го капитализирал советот на Моне со сјаен ефект на слика на келнерка која носи пиво и направил еден од најпривлечнте портрети на пивото воопшто. Но освен употребата на светлото, што било карактеристика за импресионистите, тука било и нивното насочување кон нивното внимание на модерниот и современ живот.

Франсоа Кадвин во неговата книга за Мане го опишува појавувањето на пивото “.. .пиварниците се множат, пивото кое пред војната било пијалок за селаните, станува угледен пијалок. Седејќи со чаша пиво пред себе Манет го набљудувал животот на улицата, и разменувал мислења со своите колеги за уметноста”. Како љубител на пивото локалите често ги менувал бидејќи пивото било многу важно во неговата работа. 

Мане и Дега во своите дела го илустрирале пивото како здрав и прифатлив пијалок. Во текот на 1875 г Дега го завршил делото “Пиење на абсинт”, дело во чија композиција јасно е нагласено пиењето на абсинт, и неговата репутација како силен, моќен и опоен пијалок. Мане воодушевен од ова дело се спротивставил во 1879 г со платното “На концерт во кафулето”, на кое се прикажани ликови со здрав изглед како уживаат во чаша пиво. Битно е да се спомене и делото “Фолес Бергéресу” со триаголното шише со славното англиско пиво Бас кое е една од првите заштитени марки на пиво.

Останатите импресионисти почнале да размислуваат на тој начин и да ги цртаат сите видови на секојдневни предмети, меѓу кои секако и пивото што ги одушевило Парижаните. Со тоа пивото стигнува до сите слоеви од општествената заедница.     

На повеќето импресионистички слики, денешниот гледач без тешкотии лесно ќе го забележи пивото, но кај другите ќе мора претходно да ги разбере условите за живот во тоа време. Во текот на импресионистичкиот период, чашите во баровите биле далеку од денешните стандарди. Се користеле сите видови на пехари, чаши на сталак итн. Дегасовото дело “Жена на тераса во бар навечер” и на Мане “Жена која пие пиво”, прикажуваат чаши кои изгледаат на прв поглед како да се креирани за ирско кафе.

Многу поважно било тоа што пивото ги отсликувало општествените манири од тој период. Во двете дела авторите покажуваат како по прв пат било општо прифатено и жената да излезе на пијалок без да биде следена. За разлика од нив пак Пиер-Аугуст Реноар во делото “Плес у Моулин де ла Галетте”, насликал многу поубави чаши во форма на лале. Неговото сликање е степен погоре во кој уметничката заедница се социјализирала со пивото.

Но, и покрај тоа што количината на импресионистичките слики била значајна, движењето траело кратко. Само петнаесет години од првата изложба, ерата на импресионизмот почнала да исчезнува. Но и покрај тоа, тоа било и останало инспирација за идните генерации кои го проучувале и развивале.

Пивото е длабоко поврзано со западната цивилизација, каде што завзема важно место како тема на уметничкото истражување, пред се во сликарството. Многумина ќе бидат изненадени од овој факт бидејќи очекуваат дека е тоа виното. Имено, виното има привилегирано место во уметноста, или нам само така ни се чини, поради своите религиски и симболични улоги во западната култура.

Сепак, чашите, шишињата и бочвите со пиво, жетвата, односно бербата на пиварските сировини (јачмен и хмељ), индустриското производство на слад и пиво, мајсторите на сладот и на пивото, дистрибуцијата и конзумирањето на пивото во гостилници, ресторани и приватни домови во текот на оброкот и забава се составен дел од приказите на начинот на човечкиот живот низ историјата. Пивото било многу честа тема во приказните на секојневниот живот, на што и многу познати сликари биле наклонети.

При тоа се користени различни сликарски техники, како туш, пенкало, акварел, масло на платно, дрво или стакло, гравури, постери. За таквите примери сведочат делата како што се “Начин на живот со чаша пиво” на холандскиот сликар Питер Клаес, Келнерка (Мане), Домот на столарот (Рембрант), потоа во дела на Реноар, Дега, Пикасо, итн Но најважно е дека преку различни форми на ликовно изразување може да го прати развојот на пиварството и пивската култура низ историјата.
Исто така и пивските сировини се омилена тема на старите мајстори како што се Питер Бруегел  постариот  со неговото дело Жетва, масло на дрво од 1565 г, Томпкинс Ð¥. Матесон “Берба на хмељ” масло на платно 1863. Омилена тема во 19 тиот за сликање исто така биле и монасите кои произведувале пиво, па така тоа било чест мотив и за Едвард Груцнер кој го сликал и Св Арнолд заштитникот на пиварите, Гамбринус легендарниот пивски крал.

Во текот на индустриската револуција се отвараат многу нови пиварници, па се што е врзано за нив станува објект на сликање. И за тоа се најдени многу примери како Хендрик Милер - Пиварница, масло на платно 1772, Пивар на Јан Луикен акварел 1694, Пивски работници на Густав Дор туш 1870, шведскиот сликар Андерс Зорн во 1890 има насликано неколку слики на оваа тема Ин Тхе Брењерѕ, Тхе Греат Брењерѕ, чии слики се наоѓаат и во Шведскиот национален музеј, Саинт Георге Гате Брењерѕ Њилиам Асхфорд, масло на платно,1796. и многу други безбројни примери,. Тука се вбројуваат и портрети на многу угледни пивари меѓу кои и портретот на Џорџ Вашингтон, кој го насликал Пејл Рембрандт (1850).

Додека виното мора да старее за да биде подобро, пивото е млад пијалок чиј вкус и мирис зависат од младоста. Сосема поедноставено, пивото мора да ја има убавината и магијата на младоста. За тоа сведочат и величенствените слики настанати во седумнаесетиот век од сликари од фламанската и холандската школа кои најдобро се претставени во делата на Пиетер Цлаесз, Ван де Велде. На нивните слики пивото сјае и искри со неговата чистота во кристални чаши или се крие во пехари. Многу често пивото на сликите е пропратено со други додатоци како пушење луле, играње карти или свирење виолина. Во 20тиот век во сликањето на пивото свој допринос дале и Пикасо, Легер и Хуан Грис.

Додека во древниот Рим и Грција, луѓето го обожувале Бахус и Дионисиј и славеле со вино, во Северна Европа пивото имало иста улога. Ако се верува на сликите што ги насликале Јорданес, Бругел, Рубенс, Ван Остад и Тениер, селските свечености во делови од Фландрија и Холандија биле живописни настани кои се одбележувале со бочви пиво со поклопец. Во Германија пивото служи за забавна атмосфера на сметка на мнозинството, ако не на сите свечености од градови до села од реки до езера всушност онакака како што тоа знаел да го прикаже Питер вон Хес.

Волфганг Хеимбак и Алберт Шредер прикажуваат пријатна атмосфера на пивски градини и пивници, каде забавата започнува веднаш штом некој седне до бочвата со пиво и наздрави на неговиот сосед, дури и да е странец.

Но освен импресионистите пивото оставило свој впечаток и во кубизмот, па дури со него се занимавале и дадаистите како Жорж Грос и Курт Швитерс.
Денес се помалку современите сликари го сликаат јачменот, хмељот, производството на слад и пиво, самото пиво па и тие што го пијат. Секако со тие теми денес повеќе се занимаваат фоторепортерите и уметничките фотографи, и тоа со цел на информирање и споменување на пивото. Но тоа не значи дека ликовните уметници немаат никаква врска со пивото и пиварниците. Добро е познато дека пиварниците ја помагаат уметноста на разни начини како што се спонзорирање и порковителство на изложби на слики. Се надеваме дека овој текст ќе биде вистинска инспирација за некое ново дело на оваа тема и на нашите уметници кои знаеме дека уживаат и сакаат да пијат добро пиво. А ние добивме инспирација за уште неколку теми кои ќе ги обработиме во следните броеви.

Додади во: Add to Facebook Facebook | Add to Twitter Twitter Digg this story Digg | Post to Myspace Myspace | Add to Yahoo MyWeb Yahoo MyWeb |

Коментари (0 Пратено):

Прати го коментарот comment

Внесето го кодот од сликата: