Почетна | Списание | Фенг Шуи применет во угостителските објекти

Фенг Шуи применет во угостителските објекти

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

Ако сметате дека на менито во својот локал е доволно да имате пијалоци и храна, прочитајте го текстот подолу, затоа што говори за најважниот зачин за вашиот успех,

 Ð° тоа е Фенг Шуи принципот кој придонесува за тоа колку гостите ќе сакаат да го посетуваат вашиот локал . Зошто некои ресторани и покрај добрата храна и ентериер, едноставно не се успешни? Секој од нас видел ресторани пред кои се менуваат таблите со нивните имиња секои неколку години. Местото навидум е добро, секој нов сопственик со нов елан започнува со работа надевајќи се дека ќе му тргне подобро од претходникот. Сигурна сум дека менито било внимателно одбрано, дека ентериерот бил нов и квалитетен, а  персоналот добро обучен. Сепак, по одреден период, ресторанот бил затворен.

Она што веќе подолго време, како шега го користиме јас и моите пријатели за секакви ситуации, односно реченицата “ова не е по Фенг Шуи” веројатно и е одговорот на погоре поставеното прашање. Се повеќе верувам во оваа констатација, особено кога ќе размислам дека и оние места во Скопје кои јас ги посетувам  веќе со години (Суперфлај и  Галерија 8) и  ги анализирам зошто добро работат (се разбира, покрај фактот што сопствениците си ја знаат својата работа), не биле отворени без претходно да се консултира Бети- Фенг Шуи, засега единствениот консултант за која јас знам во Скопје.

Понекогаш се случува самиот објект, зградата во која се наоѓа локалот, во својата основа да нема енергија која, условно кажано, би поддржала успех. Затоа е важно, Фенг шуи консултантот да го изанализира местото уште пред да се потпише договорот за купување или изнајмување. Во одредени случаи, ваквата ситуација може да се промени, односно излекува со внимателно организирање на внатрешниот простор, но ова не е секогаш можно. Во многу случаи, доволно е да се присетиме кои бизниси биле спроведувани на одредена локација и како тие завршувале, па да ни стане јасно каква енергија носи таа локација и ја пренесува и на бизнисот кој се води на неа. Оние почувствителните, тоа можат да го почувствуваат и при самата посета на локацијата.

Малкумина размислуваат за ова, меѓутоа, ако се запрашаме како одредено место делува на нашите чувства, одговорот може и сам да ни се појави. Категории на чувства кои обично се јавуваат при посетата на местото се сигурност, конфор и смиреност или спротивните- несигурност, немир, желба да се напушти местото...

Откако ќе се заклучи дека одредена локација е добра, дури тогаш започнува предизвикот за креирање за вистински пријатен простор според правилата на Фенг шуи, односно поставување на насоките за внатрешното уредување. Бидејќи секој простор е приказна сама за себе, не можеме да дискутираме за
конкретни општи правила кои само можат да се прекопираат од некое упатство и да функционираат . Затоа може да се говори само за принципите врз кои просторот се дефинира. Тие најчесто се движат околу изборот на поставеноста на мебелот, вратите и насоката на движење, но во голема мера и до изборот на боите и материјалите. Добар локал дизајниран според Фенг шуи мора да ја земе во предвид рамнотежата помеѓу спротивностите одразена во текстурата- меки и цврсти материјали, во боите- темни и светли и во формата на предметите.

Многу важен детал во дизајнирањето на еден локал по Фенг шуи е влезот! Тој треба да има енергија која поддржува успех и слава. Во случај кога влезот не може да се премести на друго место од локалот, а се покажало дека не носи позитивна енергија, добро е да се изведе влез со одредена боја и материјали кои ќе ја зајакнат добрата енергија. При тоа, црвената боја се покажала дека не е секогаш најдобро решение, иако угостителите често ја применуваат бидејќи таа привлекува внимание и ги повикува гостите да влезат внатре.
Истото важи и за позицијата на касата. Многу е важно таа да биде на позиција со силна енергија за пари. Така ќе се обезбеди, таа почесто да биде полна, но и ќе се обезбеди и заштита од кражби.

РАМКА
Извадок од интервјуто со Елизабета Трифуновска, фенг шуи мајстор, објавено во Бар Код бр. 16 (Декември 2009)
... Фенг шуи е древна кинеска вештина за правилно уредување на надворешниот и внатрешниот простор. На старите фенг шуи мајстори уште пред повеќе илјади години им било познато она што дури сега современата наука го открива, а тоа е дека местото во кое живееме или работиме влијае на нашето здравје, концентрација, а со тоа и на генералниот успех во животот. 

Во контекст на фенг шуи каде што се е Чи енергија или животна енергија, првиот впечаток во одреден простор,  има  голема врска со енергетскиот статус на некој простор. Значи, првиот впечаток кога ќе влеземе во некој угостителски објект ни зборува за квалитетот на енергијата во тој простор. За разлика од нас кои прв пат влегуваме во одреден простор, вработените обично толку навикнуваат на него што и не го забележуваат квалитетот на енергијата во својот ресторан или кафуле. Оној кој се занимава со оваа професија прво што забележува е поставеноста на одреден објект( доколку станува збор за веќе постоечки објект), неговата околина и секако неговата влезната врата која во фенг шуи се третира како уста низ која влегува енергијата.

Доколку некој нема локал и сака да одбере поволно место за него тогаш се бара локација која ги исполнува стандардите на фенг шуи, иако морам да нагласам дека не е секогаш возможно да се исполнат сите принципи за уредување според оваа вештина бидејќи просторот секако треба да се усогласи со личните аспекти на оној на кого му припаѓа тој локал.

Додади во: Add to Facebook Facebook | Add to Twitter Twitter Digg this story Digg | Post to Myspace Myspace | Add to Yahoo MyWeb Yahoo MyWeb |

Коментари (0 Пратено):

Прати го коментарот comment

Внесето го кодот од сликата: