Barcode Br.41

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

Постпразничниот период во Скопје никогаш не бил презабавен или преоптимистичен.

Немам намера да цитирам изјави на граѓаните од телевизија кои секоја година ги слушаме како замена за поинтересни вести во овој период и затоа нема да ги аналзиирам причините за ваквата состојба. Но како и секогаш, Ќе се обидам да ви укажам на позитивната страна на ваквата ситуација. Ова е период кога можете да се свртите кон самите себе.

Затоа и текстовите во овој број на Бар Код се конципирани така, да ви помогнат да се позанимавате со убави нешта и да направите нешто за себе. Се разбира, првиот традиционален чекор се секогаш диетите. Нудиме неколку текстови со преглед на најпознатите светски диети и совети за брзо слабеење, но и со утеха за оние кои не се откажуваат од своите појаси за спасување.

Понатаму, ви препорачуваме уживање во храна и музика со објаснување за врската помеѓу нив. Како и секогаш сакаме да се забавувате па ви презентираме како со други очи да ги гледате празниците кои поминаа и кои следуваат, но и како странците го гледаат Скопје кога ќе го посетат на неколку дена. Коктели, информации за угостителството но и обележување на неколку позначајни настани се како и секогаш дел од редовните рубрики на Бар Код .

Во чекување на пролетта ве оставаме, секој на свој начин да ужива сам со себе и да го дегустира овој број на Бар Код до следниот број во април.

Додади во: Add to Facebook Facebook | Add to Twitter Twitter Digg this story Digg | Post to Myspace Myspace | Add to Yahoo MyWeb Yahoo MyWeb |

Коментари (0 Пратено):

Прати го коментарот comment

Внесето го кодот од сликата: