Bar CODE br.7

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

Обично воведниците ги пишувам од името на целата редакција, но овој пат, моментот е премногу возбудлив за мене, и затоа, подолу ќе ги пренесам моите лични чувства и впечатоци, не само за овој број туку и за сите досегашни изданија на Бар Код.

Седмиов број заокружува една година од излегувањето на Бар Код број 1. За тој период, тој успеа да впие фасцинантна количина енергија од своите соработници, читатели, партнерски институции и асоцијации и од сите добронамерни и не толку добронамерни набљудувачи. Низ маглата на хаотичното, но со изразена и симпатична индивидуалност, македонско угостителско миље, ги создаваше и обликуваше своите рубрики, поттикна одредени размислувања и промени. Слободно можам да кажам дека редакцијата на Бар Код ја сочинуваат дваесетина постојани соработници, и уште стотина угостители, конзументи и експерти, кои во изминатиов период го обликуваа идентитетот на овој магазин.

Годишнината можеби и би поминала само како благо затоплување на нашите срца бидејќи успехот беше, и е, поголем од очекуваниот, но во овој момент, Бар Код има уште една причина за уште поголема радост- ова лето го издаваме и првото издание на Бар Код на албански јазик наменето за косовскиот пазар. Понатаму, за да ја зголемиме достапноста, ќе ја редизајнираме и збогатиме и интернет страната на списанието, со што ќе ја направиме и поотворена за вашите предлози и коментари.

Барам зборови, а се обидувам да ги избегнам стереотипите од типот- искрено, неизмерно... да ја изразам благодарноста до сите кои ја почувствуваа искрената намера да се подигне угостителската култура кај нас, и во сите свои активности вложија многу повеќе љубов, ентузијазам и оптимизам отколку само гол ангажман околу рубриките. Секогаш кога ќе се посомневам во исправноста на некој нов чекор во ушите ми одзвонуваат зборовите на Ана: Мачко ова мора да успее... од Америка ќе ти ги праќам текстовите како да сум тука; или на Буцо: Сестро..ајде да ги распукаме без пардон овие кафеанџииве за се што ни згрешиле, да ги научиме како тоа оди во светот...и дај некоја рубрика со провокација... соблечи некој келнер за сликање.. Даре, Табак, Елена, Бојан, Горан, Мац, Вучко, Цаци, Петар, Игор, Ивица, Дарко, Цобе, Милена, Нина, Јане, Златко, Фимка, Дени, Бучко, Денко, Нино, Стела, Чокре, Донато, Ивана, Филип, Маја, Кала, Ангела, Гипи, Иренка, Ана, Роза, Миа.......сите тие во изминатиов период кажаа по некој збор и направија по нешто, што ме тера искрено да ги сакам и да чувствувам дека сме еден невообичаен и супериорен тим. Група на истомисленици кај кои, се уште, идеалите и надежта за повисоки критериуми и вредности не е поматена од проблемите на секојдневието. Луѓе на кои на прво место им се човечките квалитети и чистата есенција на страста која води напред во животот. . .Успехот е патување а не цел.

 

 

Додади во: Add to Facebook Facebook | Add to Twitter Twitter Digg this story Digg | Post to Myspace Myspace | Add to Yahoo MyWeb Yahoo MyWeb |

Коментари (5 Пратено):

boris sidovski на 17 June, 2008 02:46:10
avatar
znam deka veke 1 godina kako postoi"BARCODE",i navistina trebase edno vakvo spisanie kaj nas da izleze,kako profesionalen barmen,ako moze da se narecam,edvaj cekam da izleze noviot broj i da vidam novitet vo ugostitelstvoto ,da procitam sto e pravilno a sto ne e,vo pogled na usluga,bonton i slicno,golemi pofalbi i samo napred,so sekoj broj da ve ima sto poveke i poveke na pazarov,pozdrav.BORIS.
dragan lukin на 27 June, 2008 04:13:58
avatar
BRAVO BRAVO BRAVO

CESTITO ZA GODISNINATA, NO SEPAK MISLAM DEKA NAJGOLEMA (AKO NE I CELA) ZASLUGA ZA OVA IMA GLAVNATA I ODGOVORNA UREDNICKA. NEJZINATA ENERGIJA I DUH NAVISTINA DOPRINESE OVOJ MAGAZIN PRVENSTVENO DA IZLEZE I DA OPSTOJUVA VO OVAA NASA DRZAVA.

NAPRED RADMILA I MNOGU USPEH

POZDRAV, DRAGOMIR LUKIN
Eli на 14 August, 2008 01:52:44
avatar
Браво луѓе, секоја чест .. Навистина ми е мило што постои нешто вакво во Македонија. Со мал милион ситници кои ги споменувате, критикувате, советувате како да се поправат ... итн ... Имате заслуга во тоа да работите ќе тргнат на подобро. Браво! Екстра сте! И се надевам дека, во Македонија некогаш ќе научат како се прави Мартини Коктел. :)
Поздрав и продолжете вака. Одлични сте.
ангел на 27 September, 2008 09:27:36
avatar
navistina e dobro i sajtot i spisanioto samo prodolzete taka
simon на 16 October, 2009 01:56:03
avatar
Bravo za spisanieto, mnogu me interesira ishrana i neznam kako sum ispustil ova Barcode koe odlicno.

Прати го коментарот comment

Внесето го кодот од сликата: