Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите 2013

Изборот за Најдобар угостителски објект Традиционално се одржува 6-та година .
Истражувањето беше спроведено во периодот од 01.10 – 31.10.2013 година. Беа опфатени 50 ресторани и 50 гостилници во Скопје. Изборот на ресторани и гостилници беше направен од страна на координативното тело на проектот. Најдобрите угостителски објекти се избираат по пат на т.н. mystery shopping, односно преку директна посета од страна на независни и објективни тајни купувачи/гости кои го истражуваат и оценуваат квалитетот на услугата според однапред утврдени критериуми.
Тајните гости се обични граѓани на различни возрасти со кои SWOT Research има редовна соработка и кои се обучени според светските стандарди на MSPA. Спроведени беа вкупно 300 посети - по 3 посети во секој угостителски објект. Целта на овој проект е да се разбуди свеста кај угостителите и кај граѓаните за важноста на квалитетот на услугата кон клиентите во угостителската дејност, како и да се подигне општото ниво на квалитет во угостителските објекти на територијата на Градот.
Испитувани стандарди
Прв контакт - (поздравување и упатување кон место за седење, приоѓање на келнерот, поздравување)
Хигиена на објектот - (чистота на простор, маси, чаршафи, столови, прибор, мени)
Тоалет - (хигиена на простор и санитарии, бришачи, заклучување)
Амбиент - (осветлување, температура, миризба, музика)
Услуга на келнерите - (љубезност, проактивност, волја да се излезе во пресрет, посветеност, однесување)
Општа услуга - (асортиман, адекватно послужување, време на услужување, издавање фискална сметка)
Квалитет на храната - (свежина, количина, вкус)
Завршен контакт - (заблагодарување и отпоздравување)
Добитници за 2013 година
Ресторани Гостилници
Лира Гезме кај Тумба
Сушико Капка
Гурмет Дариа





Коментари (0 Пратено):
Прати го коментарот